Дознајте ги седумте нешта што не сте ги знаеле за Breaking Bad

Сигурни сме дека љубителите на серијата „Лоши навики” (Breaking Bad) својата омилена серија ја знаат во душата и дека малку работи што ги кажал или ги сторил Хајзенберг можат да ги изненадат. Сепак, дали знаевте колку луѓе се убиени во петте сезони на Лоши навики? Кој актер во вистинскиот живот има докторат по хемија? Чие актерство најмногу ги воодушевила продуцентите? Дознајте седум факти за Лоши навики кои ќе фрлат нова светлина врз вашата омилена серија, која можете да ја погледнете и на регионалната интернет телевизија Pickbox.

Image

Нереално многу смрт
Во текот на петте сезони од серијата, на овој или на оној начин, сведочевме за вкупно 271 смртен случај. Првиот што умре беше Емилио Којама, кого Џеси и Волт буквално го растворија во киселина во кадата на Џеси и тоа е само едно од низата гангстерски убиства.

Џеси Пинкман бил човек за една сезона
Винс Гилиган и остатокот од продуцентската екипа планирале веќе кон крајот на првата сезона да се ослободат од Џеси Пинкман, но биле толку воодушевени од неговата актерска изведба што одлучиле да го задржат до крајот на серијата.

Лоши навики е побрутална серија од Игра на тронови?
По одгледаната петта сезона од серијата, Џорџ Р. Р. Мартин, создавачот на Игра на тронови и виновникот за смртта на сите наши омилени ликови, изјавил дека Волтер Вајт е поголем монструм од кој било лик од Игра на тронови и дека во следната книга дефинитивно ќе мора да стори нешто по тоа прашање.

Туко Саламанка одушеви
Да, актерот Рејмонд Круз претходно не ја добил една од главните улоги во серијата The Closer, а продуцентите имале намера да го задржат мексиканскиот гангстер Туко Саламанка во целата втора сезона затоа што биле воодушевени од неговото актерство. Иако Туко на екраните секогаш изгледа опасно, за актерот Рејмонд Круз сите велат дека е душа од човек.

 

Густаво Фринг е создаден да ви втера страв во коските
Откако останаа без Туко, продуцентите смислија лик кој ќе биде негова целосна спротивност и кој ќе биде страшен на еден поинаков начин. Густаво Фринг, и покрај својата лежена појава, знаеше дури и на најопасните криминалци да им втера страв во коските.

Волтер не е единствениот генијалец за хемија
Богдан, шефот на Волтер од сервисот за миење автомобили, кој е препознатлив по своите големи веѓи и по словенскиот акцент, во вистинскиот живот е генијалец за хемија. Актерот Мариус Стан, кој емигрирал од Романија во САД и кому ова му била прва улога во животот, има докторат по хемија.

Законот за молчење во Лоши навики
Кога се снимала епизодата во која еден од главните актери умира, целата актерска екипа тој ден носела црни ленти за да се збогува од него. Убиениот актер (што исто така го гледавме во сестринската серија Подобро јавете му се на Сол), изјавил дека неговата смрт на екранот била толку таинствена што не смеел да ја обелодени ни на семејството ни на пријателите.