Еликсир кој ги топи килограмите, а содржи само две состојки

Борбата со килограмите никогаш не била повкусна. Да, добро прочитавте, губењето на килограмите не мора да биде ниту мачен, ниту напорен процес, и тоа токму благодарение на овој еликсир.

grapefruit_smoothie

 

Само неколку голтки од овој сок, 20 минути после ручекот, ќе ви помогнат да согорите повеќе калории отколку што сте внеле во текот на самиот оброк.

Потребен ви е еден голем грејпфрут и една лажица мед. И тоа е сè!

Подготовка:

Изладете го грејпфрутот во фрижидер. Исечете го на половина и со лажица извадете ја пулпата. Ставете ја пулпата заедно со медот во блендер и миксирајте сè додека не добиете хомогена смеса.

Оваа чудотворна комбинација содржи ликопен, којшто му помага на организмот во борбата со токсините.

Грејпфрутот содржи и мноштво од хранливи намирници коишто помагаат во борбата со настинките и помагаат во спречување на срцевите заболувања. Исто така, грејпфрутот е богат со витамините Ц, А, Б, Д, Е, минерали како што е магнезиум, цинк, фосфор и бакар, така што губењето на вишокот килограми не е единствената причина поради која би требало да го сместите овој еликсир на вашето дневно мени.

Сепак, бидете внимателни ако пиете одредени лекарства, бидејќи грејпфрутот може да го интензивира делувањето на одредени лекови.