Емил Димитриев ќе ја предводи техничката влада што ќе ги организира изборите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе биде привремен премиер за организирање на изборите, одлучи Извршниот комитет на владејачката партија, на седница на која Димитриев бил едногласно избран од Централниот комитет.

Image

Димитриев, ќе биде привремен премиер за организирање на предвремените парламентарни изборите откако ќе се повлече премиерот Никола Груевски, според одлуката донесена на седницата на Извршниот комитет на влаејчката ВМРО-ДПМНЕ

Одлуката во четвртокот вечерта ја донел едногалсно Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, со што Димитриев треба да ја предводи преодната влада којашто треба да ги организира изборите. Водечка личност на претстојните избори со којашто владејачката партија ќе настапи на следните избори останува челникот на владејачкат партија и премиер Никола Груевски,кој претходно во телевизиско обраќање навести дека според договорот од Пржино во петок, 15-ти јануари, ќе ја депонира информираат од ВМРО ДПМНЕ.

На прес-конференцијата, претседателот на пратеничкат група Илија Димовски истакна дека прартиските органи му дават целосна поддршка на лидерот на партијата Никола Груевски за постапките шти и презема за одржување на избори.

Емил Димитриев дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за социологија, а  постдипломски студии исто така завршил на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за социологија.

Во 2011 година е избран за пратеник во Собранието на Македонија, а истата година повторно е предложен за заменик министер во Министерството за одбрана, функција што ја обавувувал од 2008 година.