Енди Мареј е олимписки тениски шампион

Британскиот тенисер Енди Мареј е победник на олимпискиот турнир во машка конкуренција во Рио де Жанеиро, откако во големото финале го совлада Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 3-1 во сетови. Тој имаше многу повеќе нерви во финалето и успеа да стигне до златниот медал, победувајќи го тенисерот што уште на стартот го елиминираше првиот фаворит, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

endi-marej-finale-rio-615x400

 

Мареј го доби првиот сет со 7-5, но Дел Потро најде сили за да израмни на 1-1 во сетови, комплетирајќи го вториот со 6-4 во своја корист.

Потоа повторно дојде до пад во играта на Аргентинецот, па Енди Мареј успеа да слави во третиот сет со убедливи 6-2.

Во четвртиот сет, Хуан Мартин дел Потро имаше 5-4 и сервис за да оди во петти сет, но не успеа да го освои. Мареј направи серија од три едноподруго гемови и славеше со конечни 7-5, за златен медал на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро.

Третото место во поединечна конкуренција му припадна на јапонскиот тенисер Кеи Нишикори, кој со 2-1 во сетови во малото финале славеше над Шпанецот Рафаел Надал.

ekipa.mk