Жена од Србија починала на аеродромот во Скопје

Жена од Србија во понеделникот вечерта починала на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Image (2)

Педесет и осумгодишната жена заедно со својот сопруг во понеделникот окоу 19 часот се пријавиле да патуваат за Цирих, Швајцарија.

По извршена пасошка контрола им било  дозволено да остварат излез од Македонија и биле упатени на ПДЗ контрола на „капија 201“.

Таму на жената и се влошила здравствената состојба, по што била повикана медицинската екипа од аеродромот, кои ја пренеле во амбулантата на граничниот премин за да и пружат медицинска помош.

И покрај укажаната прва помош во 20.15 часот жената починала. Бил извршен увид на местото на настанот од страна на екипа на СВР-Скопје. Телото на починатата  е пренесена во Судска медицина  за обдукција.

макфакс