Загина поранешен министер и 6 други при пад на мал авион во Канада

Мал авион падна во вторник, на остров во источен Квебек, Канада, при што загинаа седум луѓе, соопшти провинцикста полиција.

Image

Меѓу загинатите е и поранешниот федерален министер Жан Лапјер.

Се верува дека и други членови на неговото семејство загинале во несреќата. Тие патувале кон Ил де ла Медлен, по неодамнешната смрт на неговиот татко.

„Несреќата  се случи во полето, околу аеродромот на кој требаше да слетаат“, велат од полицијата на Квебек, од каде додадоа дека временските услови не биле погодни за летање.

Авионот е од марката Mitsubishi turboprop и се верува дека е во сопственост на приватна компанија. Тој полетал од Сент Хуберт, регионален аеродром јужно од Монтреал, порано утрото.

Авионот се урна близу аеродромот на Ил де ла Мадлен, источен Квебек. Причината се уште не е позната, а се води истрага

Претходно, во текот на денот имало издадено предупредување за силни ветришта во регионот.