Зачините не служат само за подобрување на вкусот на храната, туку со нивна помош може и многу добро да се контролира апетитот.
Ако навистина сакате да изгубите килограми, две нешта се неопходни – да го забрзате метаболизмот и да го контролирате апетитот, а во тоа можат да ви помогнат зачините кои ги користите.
● Циметот е еден од најкорисните зачини бидејќи го забрзува метаболизмот, ги согорува масните наслаги и лошиот холестерол, а со тоа и ги чисти артериите. Освен тоа, негова најважна особина е тоа што ја контролира гладта.
● Лукот и кромидот исто така го намалуваат апетитот праќајќи му на мозокот сигнал дека желудникот е полн. Ако додадете лук во јадењето ќе бидете посити, но и ќе согорувате калории, а особено е корисен за луѓето кои имаат проблеми со срцето, затоа што ја подобрува циркулацијата.
● Чилито го контролира апетитот и ви создава чувство на ситост, а една од главните карактеристики на овој зачин е тоа што ги топи масните наслаги, па задолжително вклучете го во исхраната.
● За крај, пикантна црвена пиперка – полна е со капсиацин кој го забрзува метаболизмот и ја зголемува температурата на храната, која подоцна ги согорува масните наслаги. Освен тоа, успешно ќе го контролирате апетитот и ќе ја намалите желба за масна, слатка и солена храна.