„Мала Италија во Скопје“ е настан кој во среда, ќе се одржи по втор пат во Скопје, во Музејот на ВМРО.
Основната идеја е претставување на италијанската култура преку наполитанските арии. Мотивација за настанот е потребата од воведување на нови и поинакви вечери кои ќе ја претстават класичната музика во едно поинакво светло и ќе придонесат за подигнување на интересот за овој вид на изведби.
Концертот, со времетраење од два часа, ќе им овозможи на присутните да ја доживеат италијанската музика и ќе ги задоволи дури и најпребирливите обожаватели на арии.
По завршување на концертот, предвидена е коктел забава на која гостите ќе имаат можност да се запознаат со тројцата изведувачи: сопранот Гонца Богоромова, баритонот Павле Камилоски и драмскиот тенор Христо Арсовски.
макфакс