Сокови од свежо овошје се од големо значење за вашето целокупно здравје. Фактот дека високата количина на шеќер и вода се додаваат за подготовка на сокот, па поради тоа овошјето може да ги изгуби хранливите вредности.
Иако стручњаците препорачуваат почесто да јадете овошје, отколку да пиете овошни сокови, тоа не значи дека соковите се помалку хранливи.
Сок од јаболко
Сокот од јаболко е богат со витамините А, Б и Ц, како и минералите како калциум, магнезиум, фосфор и калиум. Помага во лечење на артритисот и ревматските заболувања, го смирува организмот и го чисти системот за варење.
Сок од кајсии
Кајсиите исто така содржат голема количина на витамините А, Б , Ц и К, а високата концентрација на витамините го забавуваат стареењето. Овој сок исто така е добар за јакнење на коските и за виталност на косата и кожата. Кајсијата е богата со железо, па е добра за лечење на анемија и проблеми со менопаузата.
Сок од капини
Поради содржината на витамините Ц и Е, кои се силен антиоксиданс, капините се делотворни и во борбата против слободните радикали, кои ги оштетуваат ќелиите и ткивата во организмот, а се поврзани со ракот и болестите за срцето. Овој сок исто така помага во контролата на дијабетесот. Капините ја чистат крвта, а често се користат и за лечење воспаленија на грлото и дијареа.
Сок од грозје
Покрај витамини, грозјето содржи и минерали, вклучувајќи ги калиумот, бакарот, јодот, железото, фосфорот и калиумот. Овој сок е добар за варењето, болестите на срцето, артритисот, туберкулозата, проблемите со црниот дроб, хемороиди и разни алергии.
Сок од киви
Сокот од киви обилува со витамин Ц и железо. Содржи многу влакна кои се важни за системот за варење. Покрај тоа, го намалува лошиот холестерол во крвта.
Сок од лимон
Сокот од лимон содржи витамин Б, Ц и П. Одличен е за детоксикација на организмот и чистење на кожата.
Сок од портокал
Сокот од портокал исто така обилува со витамини и минерали. Портокалот го смирува нервниот систем и е делотворен во лечење на нервозата, стресот и несоницата.