Тирана, 4 ноември, 2016 – 10:25 (META)
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утринава е регистриран во Албанија, соопшти денеска републичкиот сеизмолошки завод на Србија.
Земјотресот е регистриран нешто по пет часот.
Порталите за следење земјотреси наведуваат дека погоден е северниот дел на Албанија, односно градот Решен, во округот Љеш.