Зошто да не му се вратите на поранешниот?

Враќањето на поранешната љубов најчесто не е добра идеја, а еве и неколку причини.

480

Ве изневерил или ве лажел за важни работи
Ако тој е нечесна личност, без морал и совест, тешко дека се променил или дека ќе се промени. Причината е едноставна: тој не гледа каде е проблемот.

Ве искористувал
Воопшто не е важно на каков начин ве искористувал. Важно е да дека не смеете да наседнете на неговото „жал ми е“, кое најверојатно и не е искрено.

Осамени сте
Ако дојдовте во искушение да се смирите со поранешниот само затоа што сте осамени, тоа е многу лоша идеја. Подобро е да бидете сами, отколку во врска, а повторно осамени.

Ништо не се променило
Разликите кои постоеле меѓу вас и ве раздвојувале, уште постојат. Ако постојат проблеми кои не сте знаеле да ги решите, ни овојпат нема да биде подобро.