Познато е по своите анти-канцерогени јадења и каротеноиди, богат извор на фолни киселини, ги содржи потребните минерали, ја лечи слабокрвноста, го намалува холестеролот…. Цвеклото е намирница која треба да се јаде секој ден.
Цвеклото по своите карактеристики е една од најхранливите намирници кои можете секојдневно да ги конзумирате и претставува идеален избор во текот на зимските месеци.
Покрај тоа што е позната поради анти-канцерогените материи и каротеноидите, тоа е богат извор на фолна киселина, а е преполно и со антиоксиданси кои на организмот му даваат заштите од предвремено стареење.
Богато е со микроелементи како што се јодот, бакарот, селенот и ванадиумот, а од прекупотребните минерали содржи калиум, натриум, фосфор, калциум, магнезиум и железо. Цвеклото се користи за чистење на организмот од токсини и претставува најдобар природен лек за лечење на слабокрвноста.
Покрај тоа, цвеклото е богато со бетамин и бетаном кои се исклучително важни за крвните садови, функцијата на црниот дроб, го регулира крвниот притисок и го намалува холестеролот за дури 40 отсто.
Билната боја на антоцијанинот го спречува растот на ќелиите на туморот, па затоа цвеклото е одлично за заштита од рендгенските и радиоактивните зрачења и се користи како лек за лечење на последиците од тие зрачења.