Зошто на балерините никогаш не им се врти во глава?

Благодарение на променетата структура во мозокот, како последица на долгогодишното вежбање, балерините можат да изведуваат пируети во непрекината низа, а притоа никогаш да не им се заврти во мозокот, откриле британските научници.

imgz150

 

При честото вртење во место, во мозокот на класичните балерини доаѓа до промена која си понуштува сигналите кои органите за контрола на рамнотежата ги испраќаат до внатрешното уво, се наведува во студијата објавена во магазинот „Cerebral Cortex”.

Кај повеќето луѓе брзата ротација предизвикува вртоглавици. Причина за тоа е што флуидите кои го исполнуваат внатрешното уво продолжуваат да се движат и по вртењето, како што тоа кафето го прави во филџанот по мешањето.

„Вртоглавицата, чувството дека сеуште се вртиме иако сме престанале, е чест проблем. На балерините скоро никогаш не им се врти во глава, па сакавме да дознаеме како и да видиме дали тие би можеле да им помогнат на нашите пациенти“, изјавил др. Бери Симунгал, од Империјал колеџот во Лондон.

Во текот на тестот, секоја од нив се вртела на ротирачка столица во потполен мрак и требала да повлече рачка доколку има чувство дека и се врти во главата и по престанувањето со вртење на столицата, што на научниците им овозможило да го измерат траењето и интензитетот на вертигото. Истражувачите, исто така, ги следеле очните рефлекси и го проучувале мозокот на учесничките преку скенер.

Кај балерините, симптомите траеле далеку пократко отколку кај другите.

Снимката на скенерот, пак, укажала на значајни разлики помеѓу две групи на жени, како во зоната на малиот мозок, која прима сигнали од вестибуларниот систем и која е помала кај балерините, така и во церебралниот кортекс кој е одговорен за чувството на вртоглавица.

„Бидејќи на класичните балерини не им се препорачува да чувствуваат вртоглавица или губење на рамнотежата, мозокот со текот на годините се прилагодува и на крај ја поништува таа информација. Сигналот кој досегнува во мозокот е се послаб, со што балерините стануваат отпорни на чувството на вртоглавица“, објаснил др. Симунгал.

„Доколку би можеле да ја контролираме таа зона на мозокот кај нашите пријатели кои заболуваат од хронични вртоглавици, би можеле да дојдеме до подобри начини за нивно лечење“, заклучил тој.