Фудбалерите на Челси беа поразени во лондонското дербито против Арсенал со 3-0, откако „топчиите“ уште во првото полувреме го решија победникот. Дефанзивецот на „сините“, Бранислав Ивановиќ, призна дека неговиот тим не одговорил на барањата на менаџерот Антонио Конте, но и изрази надеж дека ќе се вратат посилни по овој дебакл.
„Не го започнавме натпреварот како што сакавме. Не верувавме во тоа што го правевме и затоа бевме казнети. Екипата не го направи тоа што тренерот го бараше од нас. Мораме да бидеме искрени кон себе и да посветиме внимание на некои работи, но и да ја поправиме сутацијата. Треба да се држиме заедно и да веруваме во тоа што го работиме и убеден сум дека ќе се вратиме посилни“ – истакна Ивановиќ.