Идеални намирници за пушачите

Дали им робувате на цигарите и баш никако не можете да ги оставите и покрај кашлицата? Во тој случај почесто консумирајте производи и напитоци кои можат да ги прочистат белите дробови и да ви овозможат полесно да дишете.

yogurt-s-tsarevitsa-i-filirani-bademi

Можат да ви помогнат чаевите, пред се, оние од свеж ѓумбир, но и од борови иглички или коприва, кои можете да ги јадете и како салата. Јадете риба и јагнешко, затоа што содржат моќен антиоксиданс – селен. Консумирајте и јајца и житарки.

Пченката шеќерец е полна со бета-криптоксантин кој докажани ги штити белите дробови од карцином затоа што се однесува како моќен антиоксиданс. Ако е некако можно, набавете од оној што е природно, органски одгледан. Слично дејство имаат и портокалите.

Црвениот и белиот кромид заради својот состав имаат антиканцерогено дејство. Студиите покажале дека кај луѓето со карцином кои редовно го консумираат овој зеленчук, е спречено настанувањето на нови туморни клетки. Секако, непријатниот здив е неизбежен, но помислете и на мирисот на цигари во устата и на облеката, па кромидот нема да ви делува толку неподносливо.