Извештајот на Специјалното обвинителство на комисиска расправа

Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство во понеделник во 11 часот ќе се расправа на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Image

Извештајот беше објавен минатата недела, а се однесува на шестмесечната работа на новото Обвинителство кое беше формирано со цел решавање на политичката криза во земјава.

Специјалното обвинителство поднесува извештаи за својата работа до Собранието и Советот на јавни обвинители. Советот на јавни обвинители ја одложи седницата којашто беше закажана за во петокот бидејќи имале нејаснотии околу извештајот и ја повикаа Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева да присуствува на наредната седница, закажана за среда.

Од Специјалното обвинителство велат дека немаат законска обврска да го презентираат извештајот и го повикаа Советот за сите нејаснотии во извештајот да се обратат до Обвинителството.