Израел во пустината ја гради највисоката сончева кула на светот

 

Израел во централниот дел на пустината Негева ја гради највисоката соларна кула во светот, огромен проект кој треба да ја потврди важноста на обновливите извори на енергијата во оваа земја.

Image (3)

Кулата Ашалим ќе започне со работа кон крајот на 2017 година, а ќе биде висока 240 метри и ќе може да се види од оддалеченост од повеќе од десетици километри во споменатата камена пустина Негева на југот од Израел.

Во подножјето на кулата ќе се простираат поле со огледала на 300 хектари, што е површина поголема од 400 фудбалски игралишта, коешто сончевите зраци ќе ги насочува кон „котелот“ на врвот од кулата кој од далечина изгледа како огромна топка.

Во тој дел од кулата, каде што температурата ќе се искачува и до 600 Целзиусови степени, ќе се произведува пареа којашто потоа ќе се канализира кон дното на кулата каде што ќе се произведува електрична енергија.

Оваа кула ќе обезбедува 2 отсто од електричната енергија во Израел, односно 2121 мегават.