Инфантино:Русија и Kатар ќе бидат домаќини на Мундијалите

Претседателот на Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) Ѓани Инфантино ја отфрли идејата на Русија и Катар да им се одземат Светските првенство во 2018 и 2022 година и ги повика организаторите да направат „најдобри Мундијали во историјата“.

Image (7)

Инфантино денеска е прв ден на новата работа, откако во петокот беше избран за нов претседател на ФИФА.

 

„Што се однесува до Катар и Русија, Извршниот комитет на ФИФА донесе одлука во 2010 година, но потоа имаше шпекулации, наводи и бука. Сега е неопходно Русија во 2018 и Катар четири години подоцна да ги организираат најдобрите Светски првенства во историјата“, рече Инфантино.

 

Американските и швајцарските власти истражуваат корупција во светскиот фудбал, но и можна корупција во процесот на доделување на домаќинствата на Мундијалите на Русија и Катар поради што дел од медиумите шпекулираат дека домаќините тие турнири би можеле да бидат променети.

макфакс