Инциденти пред и внатре во косовскиот Парламент, судири на демонстрантите и полицијата

 

Пред косовскиот Парламент дошло до судир на полицијата и демонстрантите, кои кон полицијата фрлиле црвена боја, а одговорот, пак, бил употреба на солзавец, пренесуваат косовските медиуми.

Image (7)

Внатре во Парламентот, пак, опозицијата се обидела да влезе додека траела седницата, а бидејќи тоа не им успеало, солзавецот го активирале во ходникот пред главната сала. Претходно, припадниците на опозицијата со солзавец ја прекинаа седницата на косовското Собрание на кое требаше да биде разгледан нацрт буџетот за 2016-та година.

Претседателството на Собранието на Косово потоа одлучило да ја одржи седницата во алтернативна просторија, изјавил за агенцијата Бета членот на Претседателството на Косово, Славко Симиќ.

Косовските медиуми, пак, јавуваат дека косовската пратеничка Аљбуљена Хаџи за време на судирите се онесвестила. Пратеникот на опозициското радикално движење „Самоопределување“, Албин Курти изјавил дека со пепер-спреј прскал кон премиерот Иса Мустафа и членовите на владата, поради договорот за формирање на Заедницата на српските општини, пренесува Koha.net

„Прскав со пепер-спреј кон премиерот и владата поради тоа што ја формираа ЗСО. Но полицијата беше на погрешно место“, рекол Курти.

Косовскиот премиер Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи го осудиле фрањето на солзавец во салата и навеле дека владата веќе ја поминала „црвената линија“ на толеранцијата.

макфакс