И идните татковци може да имаат симптоми на бременост

Испакнатиот стомак кај трудниците е нормална работа, ни и на идните татковци мевот може да им се надуе и да изгледа како труднички, велат германските лекари.

Image
Тој синдром се нарекува „Кувад синдром“ (Couvade syndrome) или „машка бременост од сочувствителност“, појаснува шефот на одделот за опстетриција во берлинската болница „Charite“, др Јан-Петер Зиедентопф.

„Кувад синдромот“, чиј назив доаѓа од францускиот глагол „couver“ (изнесе), не е призната медицинска состојба, но некои потполно здрави мажи може да развијат симптоми слични на бременост во време кога нивната партнерка е „во блажена состојба“.

„Добиваат во тежината, им се гади…“, вели Зедентопф повикувајќи се на проучувањето спроведени на 143 идни татковци во Полска. Дури 72 отсто од нив искусиле барем еден симптом на бременост во текот на бременоста на нивната партнерка.

Лекарот тврди дека симптомите се развиваат кај многу емпатичните мажи и дека 2хормоналните промени“ може да се забележат и кај нив. Истакнува дека постои силна психолошка причина за појава на овој симптом: скорешната бременост и траењето на промените кои тоа ги носи.