Каде грешиме кога ќе се разболиме?

Во настојување што побрзо да се дојде до оздравување, многумина прават грешки кои не само што можат да го одложат оздравувањето, туку може да се предизвикаат и поголеми проблеми. Ова се петте глупости кои најчесто ги правиме кога сме болни.

Fotolia_46688223_Subscription_Monthly_XXL

 

Премногу лекови

Кога имаме настинка или грип, често посегнуваме по некој фармацевтски производ со надеж дека побрзо ќе оздравиме. Дали доколку земете една доза од некој медикамент и за 15 минути не чувствувате подобрување посегнувате по уште една доза? Внимавајте, тоа може да го одложи оздравувањето за еден ден или два, а пред земањето на кој било прозивод за намалување на симптомите на настинка, проучете кое е времето на делување и која е препорачаната доза. Претераната употреба на лекови во текот на настинката може да предизвика нови несакани симптоми и нус-појави.

Претерано издувување на носот

Се чини логично, зарем не? Кога сте настинати и ви тече носот, трошите повеќе од десетина ролни хартија за што побрзо да ја „исфрлите настинката“. Сепак, силното „дување на носот“ ќе донесе моментално олеснување, тоа може да доведе до тоа да „повлечете“ во синуси течност/слуз која содржи бактерии. Решение? Кога ќе го дувате носот, правете го тоа нежно и полека и немојте при тоа да ги стискате носниците.

Пиете кафе со надеж дека ќе добиете повеќе енергија

Кога сте настинати или боледувате од грип, морате да мине време за заздравување. Хидратацијата, освен мирувањето, многу е важна ставката при заздравување. Ако се обидувате да издржите уште некој ден на работа па посегнете по поголема количина на кафе, не правите за себе добро. Кафето дополнително ќе го дехидрира вашиот организам и ќе ги направи нештата малку потешки.

Земате стари антибиотици

Дали од лекарот еднаш сте добиле рецетп за антибиотици, но не го потрошивте целото пакување? Сигурно. Можеби сте меѓу оние кои го чуваат остатокот од лековите ако повторно затребаат. Антибиотиците делуваат на бактерии, а не на вируси па нема потреба да се пијат ако е во прашање вирус. Особено, никогаш не би требало да земате антибиотици на своја рака без препорака од лекар.

Не ги следите упатствата за употреба на спреј за нос

Носот ви е затнат, имате проблеми со дишењето и сакате да вдишете малку кислород низ „затнатите ноздри“? Најверојатно тогаш не го испуштате од рака спрејот за нос. Пред употреба секако прочитајте ги упатствата за примена и задолжително придржувајте се кон нив. Ако го користите подолго од препорачаното, тоа може да доведе до ново воспаление и нови здравствени проблеми.