Она што мажите го сакаат е жена со сопствено мислење. Но жената која речиси не го слуша она што другата страна има да го каже, е прва на списокот жени кои побрзо би сакале да не ги сретнат.
Мажите ја составиле својата листа која изгледа вака:
Центар на внимание – она што мажите го сакаат се жените со сопствено мислење и со кои можат да разговараат на било која тема. Но жената која не слуша што има да каже другата страна и чии зборови се како отров се први на списокот – непожелни жени.
Спонзоруша – мажите истакнуваат дека не им е проблем да потрошат некој денар за жената до нив, и дека тоа е сосема нормално. Но кога ќе се стигне до ситуација тој да мора да ги плаќа сите нејзини сметки и од него да се бараат подароци со и без повод, повторно добиваме тип на жена што за мажите претставува кошмар.
Адвокат по природа – таа знае апсолутно се за апслутно се. Уште еден тип за итно избегнување. Што најмногу им пречи кај таквите? Тоа што не можат да бидат опуштени и такви какви навистина се, бидејќи знаат дека секое мислење различно од нејзиното скапо ќе го платат.
Психо – како што постојат мажи кои “те сакам“ ќе го кажат на пет различни телефонски броеви, така постојат и жени кои вакви љубовни изјави кажуваат по пет пати на ден, но на истиот телефонски број. Освен тоа, таа сака да знае каде сте, со кого сте, до кога ќе се задржите и сл. А се што мажите сакаат да знаат за една ваква жена е кога ќе исчезне од нивниот живот.