Како да ги раширите чевлите кои ве стегаат

Тесните чевли можат да предизвикаат болни плускавци и да ви го расипат целото излегување. Ако вашите нови чевли се претесни, пробајте ги овие мали трикови кои можете да ги направите и дома.

fb693df0566804bf1ce5e61014f3abe9

Алкохол
Чевлите одвнатре премачкајте ги со комбинација вода и алкохол, а потоа облечете дебели чорапи и одете во чевлите барем половина час.

Фен
Кожните обувки можете да ги растегнете така што ќе ги загревате со фен отприлика една минута, додека кожата не омекне, а потоа повторно со дебели чорапи ќе одите со нив додека не се изладат целосно.

Замрзнувач
Во ќесички за замрзнување наполнете вода доволно за да ја собере ќесичката внатре во обувката. Потоа, чевлите заедно со ставените ќесички ставете ги во замрзнувач. Водата ќе се претвори во лед, а ледот ќе си го направи своето.