Како да ја откриете нејзината дива страна

Не седете со скрстени раце, поттикнете ја вашата партнерка да ја покаже и својата друга страна – огнена и дива. Всушност, еден е маж во врската, нели?

Seks

 

Купи и долна облека онаква каква ти сакаш , дури и ако ризикуваш да не и се допаѓа . Таа ќе ја носи барем еднаш. Дискретно прашајте ја за големината и немој да штедиш. Исто така, не паѓај на маркетиншките трикови за универзална големина на моделите.

Разгледај и подвезици и корсети. Изборот е голем, но твој. Што е она во кое сакаш да ја видиш?

Разбуди го нејзиниот натпреварувачки дух – предложи некоја игра како стриптиз , танцување, играње карти во соблекување… Авантура за премин на сопствените граници ќе ве остави без здив и двајцата. Ова се моменти кои остануваат во сеќавање, а подоцна ја поттикнуваат имагинацијата. Секс игри на јавно место или дома може да биде многу забавно и успешен зачин за вашиот сексуален живот.

Пробај да ја натераш да посакува секс. Апстинирај некое време(колку и да ти е тешко), но постојано предизвикувај ја. Ќе ја доведеш до ситуација да направи нешто што можеби никогаш не го направила.

Нежен допир во разминување, провокативни СМС пораки, подароци со еротска конотација … може да сугерираат ” што би било ако би било” и да ја принуди вашата партнерка да ги превземе работите во свои раце.

Ќе видите – вредно е за чекање.