Како до квалитетен сон во бременоста?

На идните мајки им е потребно многу повеќе сон, бидејќи нивното тело сега „работи“ за двајца.

bremenost11

 

Пред крајот на бременоста, кога бебето е прилично активно, а големината на стомакот го отежнива пронаоѓањето на соодветна положба за спиење, може да се случи идната мајка почесто да се буди во текот на ноќта. Удобноста на креветот и перниците исто така влијае на квалитетот, но и должината на сонот.

Во текот на целиот живот, спиењето за човекот е ислкучително важна функција. Во просек, спиеме од шест до осум часа, додека на некои луѓе неопходни има се дури и десет часа за да се одморат и да продочжат со дневните обврски. Трудниците се особено поспани, посебно на самиот почеток на бременост, но и пред самото породување.

На идните мајки им е потребно многу повеќе сон, но сепак, она што е заедничко за сите, без разлика на должината на спиење е како се спие, бидејќи само квалитетниот сон без будење овозможува успешно извршување на активностите во текот на денот.