Како изнајмениот стан да го претворите во „свој“

Ако сте едни од оние кои веќе со години живеат во изнајмен стан, тогаш сигурно сте свесни за своите органичувања кога е во прашање уредувањето на просторот во кој живеете. Иако во него не можете да направите големи промени, бидејќи тоа не е ваш стан, сепак постојат некои ситници кои можете да ги направите.

news_16927

1. Купете налепници за ѕид

Налепниците за ѕид имаат добра причина зашто се толку популарни во последно време, покрај тоа што не се премногу скапи, со нив просторот во кој живеете може да поприми потполно поинаква димензија. Кога ќе ви здодеат, можете едноставно да ги отстраните и по желба да ставите други.

admin-ajax

2. Ставете ткаенина на ѕид како украс

Ако не ви се допаѓа ниедна од многуте налепници, на сличен начин можете да искористите ткаенина. Купете боја и примерок каков што сакате, закачете ја на ѕид и станот ќе доживее потполен пресврт. Кога ќе ви здодее извадете ја и заменете ја со поинаква.

admin-ajax (1)

3. Купете некој интересен тепих

Тепихот е една од ретките работи кои можете да ги купите и да ги понесете со себе каде и да одите покасно. Се исплати да се вложи во него, бидејќи комплетно ќе го промени изгледот и атмосферата на просторот во кој се наоѓа.

admin-ajax (2)

4. Расфрлете ги новите перници по креветот

Без разлика дали живеете во изнајмен или свој стан, перниците секако се нешто што ќе го подигнат просторот. Расфрлете ги по креветот, со тоа ќе добиете на интимност во собата.

admin-ajax (3)

5. Ставете фотографии на ѕидот или слики кои ви се допаѓаат

Ова е уште еден одличен начин како да го персонализирате просторот во кој живеет. Нема ништо подобро за чувствто дека сте дома отколку кога на ѕидот ќе ги погеднете своите фотографии или вашата омилена слика.