Секојдневното консумирање кафе штити од цироза на црниoт дроб, заклучуваат британските научници во студијата објавена во магазинот Alimentary Pharmacology & Therapeutics.
Научниците од универзитетот во Саутемптон ги анализирале податоци од девет долгорочни истражувања спроведени врз речиси половина милион луѓе од шест држави.
Цирозата на црниот дроб е тешка болест којашто може да биде фатална, бидејќи значително ја зголемува можноста од затајување на функцијата на црниот дроб и појавата на рак.
Притоа заклучиле дека зголеменото консумирање кафе значително го намалува, речиси за половина, ризикот од заболување од цироза на црниот дроб. Шест и повеќе шолји кафе, ризикот е помал, тврдат научниците. Според нив, два дополнителни филџани кафе во денот го намалуваат ризикот од цироза за 44 отсто.
Научниците појаснуваат дека кафето, освен кофеинот, содржи и многу биолошки активни состојки, како што се материите кои помагаат против воспаленијата. Освен индиректниот биохемиски ефект, кафето има и директна улога во заштитата од цироза, бидејќи разните состојки откриени во кафето ги блокираат вирусите на хепатитот Б и Ц, а кафето ја намалува и појавата на дијабетес од типот 2.
Во студијата се заклучува дека врските меѓу зголемените дневни консумирања кафе и намалениот ризик од цирозата на црниот дроб е голема, и е поголема отколку кај многу лекови кои се користат за превенција на оваа болест. Покрај тоа, спротивно од дејството на многу медикаменти, кафето нема ниту одблизу толку несакани појави.