Кери: IS де се потисне од Ирак и Сирија, но е закана во Либија

Меѓународната коалиција ги потиснува милитантите на екстремната сунитска група Исламска држава (IS) во нивните сириски и ирачки упоришта, но оваа џихадистичка организација ѝ се заканува на Либија и би можела да се добере до нејзиното нафтено богатство, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

Image
Функционери од 23 земји се собраа во вторникот во италијанската престолнина Рим за да разговараат за напредокот во борбата против Исламската држава, која во летото 2014 година прогласи „калифат“ на деловите од Сирија и Ирак и се шири во други држави, во прв ред во Либија.

Користејќи ја безбедносната и политичка криза во Либија во годините по уривањето на режимот на Моамер ел-Гадафи, во текот на 2015 година Исламската држава го зголемила својот контингент од 200 на 5.000 борци во Сирт, предупредуваат аналитичарите. Во последните неколку месеци забележано е дека пристигнувањето на странските борци во градот Сирт на брегот на Средоземното Море, е нагло зголемен, откако Исламската држава ги повика своите следбеници да се упатат токму во Либија. Покрај тоа, оваа терористичка организација ги вратила во татковината либиските милитанти, кои се бореле во Сирија и во Ирак.

Либиските власти кон крајот на ланскиот ноември предупредуваа оти само прашање на време е кога Исламската држава ќе ги заземе нафтените полиња и рафинериите во близина на Сирт. Според процените, Исламската држава веќе контролира повеќе од 150 километри од медитеранскиот брег на Либија, од Абу-Греин до градот Нофал. Западните разузнавачки служби сметаат дека терористите може да го користат Сирт, како резервна база, доколку бидат потиснати од Сирија и Ирак.

„Во Либија сме на чекор до формирање влада на национално единство. Таа земја има ресурси. Последната работа која ние е потребна е лажниот калифат со пристап до милијардите долари приходи од нафта“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери во Рим.

Западните земји, покрај нападите врз Исламската држава во Сирија и во Ирак, размислуваат и за покренување операција во Либија, од каде во Европа пристигнуваат илјадници бегалци. Меѓутоа, велат дека претходно сакаат да добијат барање и одобрување од владата на националното единство.

Борбата со Исламската држава во Либија може да биде многу тешка, сметаат американските аналитичари, бидејќи по соборувањето на Гадафи во земјата нема функционална владата, а бројните групи се борат за превласт меѓу себе, а не со исламистите. Соседните земји, пак, се премногу слаби за да можат да преземат воена интервенција.

„Уште не сме блиску до победата која ја посакуваме и која ќе ја постигнеме, и во Сирија и во Ирак, и гледаме дека Исламската држава ја игра играната на метастазирање во други земји, особено во Либија“, рече Кери.

Но, истакна дека антиисламистичката коалиција постигнала значаен напредок последните денови од последниот состанок во јуни 2015 година, „Во времето на нашата последна средба Рамади само што падна и се развиваше една мрачна и опасна приказна“, рече.

Ирачките сили го ослободија во меѓувреме Рамади, а Исламската држава, според западните прецени загубила околу 40 отсто од територијата што претходно ја контролираше во Ирак и 20 отсто во Сирија, но официјален Дамаск тврди дека делот на територијата на која неговата армија помогната од руските воздушни удари ја преземала од рацете на џихадистите е далеку поголем.

Во Рим се разговара за стабилизацијата на областите кои од неодамна се ослободени, како и за пошироките напори да се прекине финансирањето на Исламската држава, да е сопре доаѓањето на странските борци и да се задуши ширењето на исламистичката пропаганда.