Копа Италија: Јувентус на чекор до финалето

Фудбалерите на Јувентус се начекор до пласман во финалето на италијанскиот Куп, откако во првиот полуфинален натпревар го совладаа Интер со 3:0.

Image

Јувентус во „Дербито на Италија“, целосно го надигра и ја продлабочи кризата кај Интер.

Два гола постигна Алваро Мората, првиот од пенал, а вториот со фантастичен волеј. Меѓу стрелците, во финишот се запиша и Паоло Дибала кој ја продолжи гол серијата.

Интер мечот го заврши со играч помалку, откако во 74.минута Муриљо беше исклучен поради вториот жолт картон.

Реваншот во Милано ќе се одигра на 2.март, откако ден претходно својот реванш ќе го одиграат Милан и Алесандрија. Милан, во вторникот, во првиот меч победи со 1:0.