Кривичниот суд од Приштина ги ослободил од затвор двајцата првообвинети и осудени во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои во Косово издржуваат казна затвор во Косово за нелегално поседување на оружје, јавува весникот на албански јазик Koha.
Според весникот, кој се повикува на изјава на адвокатот на обвинетите Бесник Бериша, конечната одлука за ослободување е донесена еден пред завршувањето на казната затвор во траење од две ипол години во косовскиот затвор Дубрава, за нелегално поседување на оружје.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се осудени на доживотна казна затвор за убиството на четирите момчиња и рибарот и според Судот тие се едни од извршителите на убиството.
По откривањето на сторителите, Африм и Алил во Косово беа осудени на две ипол годишна казна затвор за нелегално поседување на оружје.
Од Министерството за правда немаат одговор до каде е екстрадицијата на осудените во Монструм и бараат новинарите да им пратат и мејл со прашања за да им одговорат дополнително.