Коњаниците од „Илинденски марш 2016“ денеска тргнуваат за Крушево

Скопје, 27 јули, 2016 – 10:32 (META) 
ilindenski-marsh

Денеска во 17.30 часот од паркот Јане Сандански во Општина Аеродром почнува „Илинденски марш 2016“. Маршот ќе заврши на 2 август во Крушево, каде што коњаниците ќе се приклучат на прославата по повод празникот Илинден.

Маршот го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Точно 25 коњаници на возраст од 15 до 60 години, придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и на тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.