Кројф: Против ракот водам 2-0 во првото полувреме

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, 68-годишниот Холанѓанец Јохан Кројф изјави дека води со 2-0 во борба против ракот, како и за сигурен дека ќе ја победи болеста.

Image

На Јохан Кројф ланскиот октомври му беше дијагностициран рак на белите дробови, што според лекарите е последица на повеќедецениското пушење цигари.

„По неколку медицински третмани, можам да кажам дека резултатите се многу позитивни. За тоа можам да им се заблагодарам на одличните лекари, поддршката од многу луѓе и на мојот позитивен менталитет. Во моментов имам чувство дека водам со 2-0 во првото полувреме. Мечот уште не завршен, но сигурен сум во конечната победа“, објави Кројф.