Кире Лазаров го предводи тимот на колото во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот репрезентативец во поразот на Барселона од Кјелце (31:33) постигна 12 голови.
Лазаров, против полскиот шампион, постигна девет голови од игра и три од седум метри, но не можеше да го спречи поразот на Барселона.
Покрај Лазаров место во идеалниот тим на десеттото коло има за Нарсис и Омејер од ПСЖ, Бомбач од ПИК Сегед, Лингдбое од Елверум, Стојковиќ од Брест Мешков и Туми од Монпелје.
Идеален тим на 10.коло:
Голман: Тиери Омејер (ПСЖ)
Десно крило: Ајмен Туми (Монпелје)
Десен бек: Кире Лазаров (Барселона)
Среден бек: Деан Бомбач (ПИК Сегед)
Лев бек: Даниел Нарсис (ПСЖ)
Лево крило: Ајмен Туми (Монпелје)
Пивот: Растко Стојковиќ (Мешков Брест).