Лестер му нуди нов договор на Варди

Фудбалскиот клуб Лестер на својот најдобар играч, Џејми Варди, му нуди нов договор, според кој годишно би заработувал шест милиони евра. Варди, според актуелниот договор кој му истекува за две и пол години има плата од 2,8 милиони евра.

Image

Варди, слично како и Лестер, е апсолутен хит во Премиерлигата оваа сезона, тој досега има постигнато 15 голови, а седум пати бил асистент при головите на Лестер. Исто така Варди го собори рекордот на Ван Нистелрој откако во новата сеозна беше стрелец на 11 последовни натпревари.

Варди во Лестер пристигна во 2012 година од Флитвуд Таун за сума од два милиони евра, најголем интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Челзи.