Лестер под истрага

Лестер се наоѓа на чекор до сензација и освојување на титулата во Премиерлигата, но дамка на нивната фудбалска бајка фрла сомнителното работење на клубот. Како што објави Фудбалската лига под истрага се договорите на клубот во  сезоната 2013/2014, кога Лестер избори пласман во Премиерлигата.

Image (3)

Како што пренесува Гардијан, сомнеќите одат во насока дека Лестер го прекршил финансискиот фер плеј (ФФП), поради што неколку тимови се исфрлени од европските купови, но некои како Манчестер Сити и ПСЖ минаа со финансиски казни.

Тајландскиот милијардер, Вичаи Сривадханапрабаха, стана сопственик на Лестер во 2010 година, тој преку својата компанија Кинг Пауер, во меѓувреме во клубот вложил повеќе од 100 милиони евра.

Главна точка на спорните договори е спонзорскиот со компанијата Трестелар, вреден 11 милиони фунти, кој веднаш потоа бил продаден на Кинг Пауер, а целиот процес резултирал со намалување на клупските долгови, кои сезона претходно изнесувале 34 милиони.

Кинг Пауер веќе бил главен спонзор на тимот, името го носи и стадионот на Лестер, а логото се наоѓа на дресовите. Пред договорот со Трестелар, Лестер од спонзорите годишно приходувал пет милиони фунти, а откако Кинг Пауер ги задржал главните спонзорства, приходите нараснале до 16 милиони фунти.

Ова му помогнало на Лестер да го избегне кршењето на ФФП, бидејќи сите клубови се согласиле дека долговите можат да бидат ограничени на осум милиони фунти годишно со лимитирани плати за фудбалерите.

Додека останатите клубови, поради овие правила биле ограничени во трансферите, Лестер тоа го избегнал и без проблеми се пласирал во Премиерлигата.

Колку за појаснување, според ФФП законите, забрането е долговите да бидат намалени така што сопственикот ќе му уплати на клубот пари преку трета компанија или сос спонзорски договор.

Лестер тврди дека на Трестелар му ги продал правата за користење н брендот и дека тоа е според законите пропишани од ФФП и дека нема причина клубот да биде казнет. Од клубот не одговориле на прашањата на Гардијан, колку вредат спонзорствата и каква е соработката помеѓу Трестелар и Кинг Пауер.

Во споменатата сезона, Лестер на плати потрошил 36 милиони фунти, пет милиони повеќе од комплетните приходи на клубот. Тогаш бил купен Ријад Марез, кој е најсериозниот кандидат сезонава да биде прогласен за најдобар играч во Премиерлигата, а на платниот список биле капитенот Вес Морган, голманот Каспер Шмахјел, односно Џејми Варди.

макфакс