Ливерпул на чекор до финалето во Лига купот

Ливерпул се наоѓа на чекор до пласман во финалето во Лига купот на Англија, откако во првиот полуфинален меч на „Британија“ стадионот во Стоук, го совлада домаќинот со 1:0.

Image

Натпреварот го реши Ајб во 37.минута. Во акцијата покрај стрелецот Ајб учествуваше и Милнер. Овие двајца играчи во текот на првото полувреме ги заменија повредените Кутињо и Ловрен.

Интересно, во првото полувреме двата тима направија само еден прекршок, а до крајот на мечот бројот на прекршоци беше десет.

Возвратниот натпревар ќе се одигра на 26.јануари во Ливерпул. Во вториот полуфинален меч, во среда, ќе се сретнат Евертон и Манчестер Сити.

Финалето во Лига купот ќе се одигра на 28.февруари на „Вембли“.