Оливие Жиру со ‘хет трик’ го однесе Арсенал во осминафиналето во Лигата на шампионите, каде пласман изборија уште Челзи, Гент и Рома.
Група Е
Рома се провлече во осминафиналето благодарение на Барселона која остана непоразена во Леверкузен.
Римјаните на домашен терен одиграа без голови со БАТЕ Борисов, а без победник (1:1) заврши и мечот Баер Левркузен-Барселона, на кој Каталонците настапија со резервен состав, а ‘фармацевтите’ во второто полувреме не реализираа три големи шанси за победа.
Група Е:
Рома-БАТЕ Борисов 0:0
Баер Леверкузен-Барселона
(Чичарито 23’-Меси 20’)
Табела: Барселона 14, Рома 6, Леверкузен 6, БАТЕ 4
Група Ф
Францускиот репрезентативец Оливие Жиру постигна три гола и му обезбеди осминафинале на Арсенал во директниот дуел со Олимпијакос.
Во Загреб, Баерн со половина сила славеше над Динамо со двата гола на Левандовски.
Група Ф:
Олимпијакос-Арсенал 0:3
(Жиру 29’ 49’ 67’)
Динамо Загреб-Баерн Минхен 0:2
(Левандовски 61’ 64’)
Табела: Баерн 15, Арсенал 9, Олимпијакос 9, Динамо 3
Група Г
Двете средби во оваа група завршија според прогнозите, со победи на Челзи и Динамо Киев, иако ‘сините’ на Мурињо се далеку од вистинската форма.
Група Г:
Челзи-Порто 2:0
(Маркано аг. 12’, Вилијан 52’)
Динамо Киев-Макаби 1:0
(Гармаш 16’)
Табела: Челзи 13, Динамо 11, Порто 10, Макаби 0
Група Х
Гент го постигна најголемиот успех во клупската историја, откако во својата деби сезона во Лигата на шампионите избори пласман во нокаут рундата. Гент славеше над Зенит со 2:1 и на рускиот шампион му го нанесе првиот пораз сезонава во елитното натпреварување.
На вториот меч Лион му го расипа дебито на Гери Невил на клупата на Валенсија со триумфот од 2:0.
Група Х:
Гент-Зенит 2:1
(Депорт 18’, Миличевиќ 79’-Дзјуба 65’)
Валенсија-Лион 0:2
(Корне 37’, Лаказет 76’)
Табела: Зенит 15, Гент 10, Валенсија 6, Лион 4.