Македонија со играч повеќе ќе го доигра мечот во Скадар?!

alb-mkd-111-615x400

ЕКИПА во Скадар, Албанија,

Јорданчо Цветаноски

Македонската репрезентација, лесно може да се случи, натпреварот од квалификациите за СП 2018 против Албанија во Скадар, денеска од 14 часот, да го доигра со играч повеќе на теренот.

Како што пренесуваат албанските медиуми, од информациите од таборот на нивната репрезентација, дефанзивецот Берат Џимшити заработи сериозна повреда во моментите непосредно пред прекинот на синоќешниот дуел. А, како Џани Де Бјази веќе ги изврши трите замени во тимот, албанската селекција нема право на дополнителна замена.

Денеска се прават напори Џимшити да биде оспособен за игра, па останува да се види непосредно пред мечот дали ќе може да помогне, или, сепак, нема дополнително да се ризикува со повредата.

Мечот меѓу Албанија и Македонија на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар беше прекинат во 75. минута од средбата поради силно невреме при резултат 1-1. Албанците поведоа со голот на Садику во 9. минута, а израмни Езгијан Алиоски во 51. минута. Последните 15 минути од натпреварот ќе се доиграат денеска од 14 часот, исто така во Скадар.

ekipa.mk