Рафаел Надал и Енди Мареј покажаа дека се во одлична форма на стартот од овие Олимписки Игри, лесно триумфирајќи на своите први мечеви од тенискиот турнир во Рио де Жанеиро.
Надал се мачеше со повреда во последните неколку месеци, но Шпанецот делуваше моќно на вечерашниот дуел со Делбонис, декласирајќи го својот противник со убедливи 6-2, 6-1. Мечот беше израмнет само во првите четири гејма, кои беа израмнети (2-2), за потоа Надал целосно да доминира и да стигне рутински до второто коло, каде ќе се сретне со Италијанецот Сепи.
Енди Мареј немаше никакви проблеми во пресметката со Виктор Троицки, исто така триумфирајќи со максимални 2-0 во сетови. Британецот го загуби својот сервис во првиот гејм, но експресно се врати, па славеше со конечни 6-3, 6-2. Негов следен противник ќе биде Хуан Монако од Аргентина.
Изненадувања денеска немаше ниту на женскиот дел од турнирот, Серена Вилијамс ја совлада Гаврилова со 6-4, 6-2, Кербер беше подобра од Дуке Марино од Колумбија, додека Квитова лесно ја реши Унгарката Бабош.
преземено од ekipa.mk