Марко Рус го победи ракот, на пролет се враќа на терените!

Во мај оваа година, Марко Рус, капитенот на Ајнтрахт Франкфурт падна на рутински допинг тест. Понатамошните испитувања покажаа дека германскиот фудбалер боледува од рак на тестисите. Тој херојски ги одигра натпреварите од баражот за опстанок, а потоа ја предаде капитенската лента и започна поинаква борба за опстанок.

marko-rus-615x400

По неколку месечно лекување со хемотерапија резултатите покажуваат дека Рус го совладал ракот и веќе во јануари ќе може да му се стави на располагање на тренерот Нико Ковач.

„Целта ми е да му се приклучам на тимот во зимската пауза, се надевам дека ќе бида целосно подготвен“ – оптимистично размислува Рус.

Во меѓувреме, додека траеше неговата битка, раководството на Франкфурт одлучи да го продолжи договорот со него до 2019 година.