Машки “маани“ на кои жените не можат да одолеат

Машкиот шарм е многу тежок за да се опише во една-две реченици, покрај тоа има и други работи кај мажите, по кои сите жени лудуваат. Прочитајте за  што точно станува збор.

attractive man dressed casual wearing glasses - studio shot, copy space

Очила

Иако во детството сме ги избегнувале мажите кои носеле очила и изгледале како бубатори, денес тој моден детал е нешто што ги привлекува повеќето жени. Тој стил значи дека тие се доста интелигентни, одговорни, со големо искуство, а сепак овие се тие карактеристики на кои ниедна жена не би останала рамнодушна.

Тридневна брада

Брада која не е многу голема, а не е ни мала е прав погодок за припадничките на понежниот пол. Не станува збор за брадата буквално, туку за бунтовничкиот стил што доаѓа со нејзиното носење. Едноставно таквиот стил е многу секси и привлечен.

Малку седа коса

Според една анкета на жени, заклучено е дека малку седа коса делува секси и привлечно за една третина од жените. Иако денес повеќето мажи знаат да ја бојадисаат косата, за да ги избегнат првите знаци на стареење. Сепак тој изглед на жените им е многу привлечен и заводлив.