Мексико и Венецуела во четвртфиналето на Копа Америка

Мексико и Венецуела ноќта кон вторникот во последниот натпревар од Групата Ц на Копа Америка одиграа нерешено 1-1 и така си обезбедија пласман во четвртфиналето.

Image (7)

Поведе Венецуела во 10 минута со голот на Хозе Мануел Веласкез, но и покрај големата доминација и постојаната иницијатива Мексико успеа да изедначи дури во 80 минута, а стрелец беше Жезус Мануел Корона.

Освојувајќи го првото место во групата Мексико најверојатно ќе ја избегне Аргентина во четврфииналето, а на Аргентинците им е потребен и само еден бод од последниот меч во Групата Д против Боливија за да го освојат првото место.

Мексико и Венецуела имаат по седум бодови од трите меча, но популарните „Ел Три“ имаат подобра гол разлика.

Во вториот натпревар во нивната група, Уругвај ги заврши настапите на Копа Америка со високата победа од 3-0 над Јамајка во Санта Клара.

Првиот гол за Уругвај го постигна Абел Хернандез во 21 минута, а во 66-та Џие-Вог Вотсон постигна автогол, за по две минути Матијас Корухо да зголеми на 3-0.

Јамајка настапот на Копа Америка го заврши без освоен бод, и без постигнат гол.

макфакс