Меркел ги повика граѓаните со турско потекло да ѝ бидат лојални на Германија

Берлин, 23 август, 2016 – 10:57 (META) 
Angela-Merkel

Канцеларката Ангела Меркел денеска ги повика граѓаните со турско потекло, кои подолго време се германски државјани, да ѝ бидат лојални на Германија, јавуваат светските агенции.

Меркел го изјавила ова во интервју за германскиот весник „Рур Нахрихтен“, во време на затегнати односи меѓу Германија и Турција.

„Очекуваме од луѓето со турско потекло, кои веќе подолго време живеат во Германија, да развијат повисок степен на лојалност кон нашата земја“, изјавила Меркел, додавајќи дека Германија ќе се труди да ги слуша нивните проблеми и грижи.