Девојчето од Берлин ја измислило приказната дека ја силувале мигранти

Девојчето од Берлин кое тврдеше дека група мажи, мигранти ја грабнале и брутално ја силувале, признало дека ја измислило цела приказна. Откриено е дека за време на наводниот грабеж, тринаесетгодишното девојче престојувало кај некој Германец.

Image

Девојчето кое е членка на руската заедница во Берлин, ја измислило приказната минатиот месец откако се вратила дома по повеќе од 30 часа кои наводно ги поминала во заложништво на мигранти од Сирија и Ирак. Тогаш девојчето раскажало дека ја грабнале тројца мажи со арапско и турско потекло на железничката станица, по што ја внесле во автомобилот, ја одвеле на непознато место и таму се изживувале со нејзе.

Лажната приказна на девојчето се прошири на интернет многу брзо, а десничарите во Германија се кренаа против доаѓањето на бегалците во таа земја, при што организраа и демонстрации против канцеларката Ангела Меркел.

Пресвртот следел по лекарскиот преглед од којшто било утврдено дека девојчето на телото нема повреди кои биле предизвикано од злоставување како што е групно силување.

Врз основа на прегледот на телефонските повици откриено било дека не била грабната, туку тие 30 часа ги поминала кај еден Германец, кој го потврдил тоа во полицијата.

Девојчето и мажот кај кој престојувала немале сексуални односи, но два месеци пред наводното грабнување, девојчето имало односи со двајца мажи. Неидентификуваниот Германец е задржан на сослушување, а против другите двајца, меѓу кои едниот е Турчин е покренато обвинение за недозволен сексуален однос со малолетно лице.