МЗТ го освои Купот на Македонија

МЗТ Скопје победи на завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија. МЗТ во финалето го победи тимот на Карпош Соколи 68:62 (19:19, 21:19, 10:12, 18:12) и го освои својот осми трофеј во Купот.

Image

Дебитантот во завршницата, Карпош Соколи, му пружи достоен отпор на фавориот, имаше активен резултат до последните две минути, но на крајот пресуди искуството и ‘подолгата’ клупа на ‘металците’.

Скопските тимови, во текот на целиот меч, водеа голема борба, ниту еден тим немаше предност поголема од девет поени, а по 30 минути резултатот беше израмнет. Слично се играше и во последната четвртина, а МЗТ победникот го реши со серијата 6:1 во последните 90 секунди.

Дреновац со 16 поени и шест скокови го предводеше МЗТ, а уште тројца играчи (Љубичиќ, Урош Луковиќ и Мијатовиќ) постигнаа по 10 поени.

За најкорисен играч на завршниот турнир, чии домаќин беше Гевгелија, е прогласен кошаркарот на МЗТ, Марко Луковиќ.