Милан прв полуфиналист во Купот на Италија

Милан е првиот полуфиналист во фудбалскиот Куп на Италија, откако во првиот меч од четвртфиналната програма го совлада Карпи со 2:1 (2:0).

Image

Милан првиот гол го постигна преку Карлос Бака во 14.минута, Колумбиецот со рабона успеа да ја затресе мрежата на Карпи. Петнаесет минути подоцна Бака му асистираше на Нијанг за вториот гол на Милан.

Карпи во 50.минута намали резултатот на 2:1 преку Мокусо, но до крајот не успеа да избори продолженија.

Остантите полуфиналисти ќе бидат познати в четврток кога своите четвртфинални натпревари ќе ги одиграат Специја и Алесандрија, Лацио и Јувентус, односно Наполи и Интер.