Милан го совлада Интер 3:0 во дербито Дела Мадонина, кое се одигра во рамките на 22.коло во Серија А. Милан, со триумфот во дербито ја оствари најважната победа сезонава и повотрно се вклучи во трката по местата кои носат натсап во европските купови.
Дуелот на „Сан Сиро“ донесе голема борба, а на крајот нијанси решаваа околку конечниот победник, иако резултатот не го покажува тоа.
Без шанси мина првото полувреме, а единствениот гол го постигна Алекс во 35.минута, по центаршутот на Хонда.
Интер во вториот дел тргна по израмнување, Икарди изнуди пенал од Алкес во 70.минута, но Аргентинецот го погоди само дирекот.
Промашувањето на Икарди, сурово го казни Карлос Бака само три минути подцна, а во 77.минута Нијанг ги постави конечните 3:0.