
Ја балансира рН вредноста
Иако содржи лимонова киселина, лимонот има алкална база и не резултира со киселост во телото.
Го хидрира лимфниот систем
Овозможува да го започнете денот рехидрирани. Кога организмот е дехидриран, не може правилно да ги извршува своите функции, што доведува до натрупување на токсини во телото, стрес и запек.
Помага при варење на храната
Го стимулира дигестивниот тракт, ја подобрува способноста на телото да апсорбира хранливи материи, и содржи витамини и минерали кои помагаат при ослободување на токсините.
Го зајакнува имунитетот
Лимонот е богат со витамин Ц и калиум. Тоа значи дека помага при настинки, го регулира крвниот притисок и ги стимулира мозочните функции.
Претставува природен диуретик
Помага да ги исфрлиме непотребните материи бидејќи ја зголемува потребата за мокрење, па на тој начин се ослободуваме многу побрзо од токсините.
Ја чисти кожата
Витаминот Ц помага при намалување на борите и неправилностите на кожата. Го прочистува целиот организам, а со тоа и кожата.
Помага при слабеење
Лимонот има големо количество на пектин кој помага во потиснување на апетитот, а со тоа помага во намалување на килограмите.