Мориконе доби Златен глобус

На италијанскиот композитор Енио Мориконе, кој се прослави со својата работа на филмот, му е врачен Златниот глобус за музиката во филмот „Омразените осуммина“ на Квентин Тарантино.

Image

Прославениот Енио Мориконе има 87 година и поради возраста не можеше да присуствува на свеченоста на доделувањето на Златните глобуси на 10-ти јануари во Лос Анџеле, па затоа скромната церемонија на предавањето на признанието се одржа во Рим во саботата вечерта. Свеченоста беше организирана во јувелирница на „Bulgari“ на улицата Виа Кондота, и ова е првпат во историјата Златниот глобус да биде врачен надвор од Лос Анџелес. Наградата му ја предаде претседателот на Здружението на странските новинари во Холивуд, Лоренцо Сорија.

За Мориконе, кој светската слава ја стекна уште во 1960-те години компонирајќи ја музиката за сите шпагети вестерни на Серџо Леоне, ова е трет Златен глобус. Првите два ги доби за The Mission“ (1986) и за „The Legend of 1900“ (1998).

За филмот на Тарантино, Мориконе е номиниран за Оскар, по седми пат. Засега нема освоени ниеден, освен почесниот за животно дело.

На свеченоста во Рим рече дека првично го одбил Тарантино, кој инаку е голем љубител на филмовите на Серџо Леоне.

„Знам дека е голем обожавател на Серџо Леоне и не сакава повторно да компонирам нешто што го компонирав пред педесет години“ рече. Меѓутоа, Тарантино не го барал тоа. „Не знаеше што ќе сторам, но ми даде целосно слободни раце. Бев среќен поради тоа. Ја напишав музиката како симфонија и многу сум задоволен“, додаде Мориконе.

Италијанецот во кариерата има напишано околу 500 композиции за филм и телевизија и уште стотина класични дела.