Наградата за американските режисери за Инариту

Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту ја освој главната награда на Здружението на американските режисери (Directors Guild Awards – DGA) за филмот „Повратник“, една година откако истата награда ја доби за „Брдмен“ (Birdman), и се наметна како еден од фаворитите на претстојното доделување на Оскарите.

Image

Признанијата од страна на DGA се многу битни, бидејќи се едни од најпрестижните во американската филмска индустрија и бидејќи отсекогаш постоело извонредно големо совпаѓање меѓу номинациите на здружението и режисерите кои ќе бидат номинирани за Оскар.

Педесет идвегодишниот Алехандро Гонзелес Ианриту, повторно беше награден како најдобар режисер на свеченото доделување на наградите на DGA, што се смета за добар показател три седмици пред доделувањето на најреномираните филмски награди Оскарите, на 28-ми февруари.

Инариту е првиот режисер кој двапати по ред победува на доделувањето на наградите на DGA, една година по „Брдмен“ со кој во 2015 година освои четири Оскари.

Филмот „Повратник“, сниман на канадскиот далечен север и на крајниот југ од аргентинска Патагонија, со природна светлина и во тешки услови на теренот, раскажува за преживувањето и одмаздата на легендарниот трапер Хју Глас од XIX век, човекот кого неговата дружина жив го закопала откако му го убила синот. Главната улога ја толкува Леонардо ДиКаприо, кој неодамна беше награден со главната награда на Здружението на филмските актери (SAG).

Филмот во јануари веќе освои три Златни глобуса – за најдобар режисер, најдобра драма и за најдобар актер, а за годинешниот Оскар е номинира дури во 12 категории.